БРАВО ЗА КАПИТЕНОТ: Филип Кузмановски е играч на мечот!

ЕКИПА во Хернинг,

Стеван Цаневски

Сосема очекувано по неговата феноменална партија во ремито (29-29) на Македонија против фаворизираната Португалија во 2. коло на Европското првенство 2026 во Данска, македонскиот капитен Филип Кузмановски е прогласен за играч на натпреварот во Хернинг.

Кузмановски го одигра мечот на кариерата за Македонија постигнувајќи 15 гола од 18 обиди. Вистински  капитенски водејќи го националниот тим од бодот против Португалците кои ја остава Македонија во игра за втората рунда натпревари на шампионатот.

Се вчитува...