Женската ракометна репрезентација на Македонија го освои првото место на меѓународниот турнир што се одржуваше во Анкара, каде нашите ракометарки за противници ги имаа селекциите на Турција, Словенија и Словачка.
По триумфот над Турчинките и ремито со Словенија, нашите ракометарки денеска славеа со 26-24 над Словачка, резултат што им го донесе на „црвено-жолтите“ првото место на турнирот. Резултатот на паузата гласеше 12-12, но Македонија успеа да се одлепи резултатски во вториот дел и заслужено да стигне до победата.
Кипријановска беше прв стрелец со седум гола, еден повеќе од Ризоска, додека Гугуљанова го заврши мечот со четири погодоци.
Овој успех сигурно ќе ја крене самодовербата кон наредните предизвици за македонските ракометарки, почнувајќи од двомечот со Белгија во рамките од квалификациите за ЕП 2026.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

