Бразил без херојот на Тотенхем ќе атакува на титулата во Копа Америка

Селекторот на бразилската фудбалска репрезентација Тите го објави списокот на фудбалери на кои ќе смета на Копа Америка.

На списокот недостасува херојот на Тотенхем, Лукас кој полуфиналниот меч во Лигата на шампионите против Ајакс, постигна три гола. Покрај Лукас во бразилската репрезентација немаше место ниту за фудбалерот на Ливерпул, Фабињо кој беше одличен во реваншот од полуфиналето против Барселона, кој „црвените“ го добија со 4-0 и се пласираа во големото финале. А дел од тимот на „селесао“ нема да бидат и Марсело, Вилијан, Паулињо и младиот Винициус.

Шампионатот кој ќе се игра во Бразил ќе се одржи во периодот од 14. јуни до 7. јули, а кариоките на континенталниот собир чекаат титула од 2007 година.

 

 

Се вчитува...