Бразил без Винисиус на мегдан со Хрватска

Бразил речиси сигурно ќе биде без помошта на својот најдобар фудбалер Винисиус за претстојниот контролен дуел со Хрватска, откако асот на Реал Мадрид се пожалил на болка во мускулот.

Вини воопшто не тренирал со остатокот од репрезентацијата, му била укажана лекарска помош. Конечната одлука ќе ја донесе Карло Анчелоти, но бразилските медиуми најавуваат дека ризикот од посериозна повреда на помалку од три месеци до стартот на мундијалот е огромен, па поради тоа одличниот голгетер ќе добие зелено светло за да се врати во својот клуб.

Во Мадрид врз него ќе бидат извршени нови детални прегледи по што ќе биде јасно дали тој ќе може да му се стави на располагање на Алваро Арбелоа веднаш по репрезентативната пауза.

Реал го очекува и двомечот од четвртфиналето во ЛШ против Баерн Минхен, па „кралевите“ дефинитивно со нетрпение ќе го очекуваат враќањето на Винисиус за добивање на точна дијагноза по најновата повреда на Бразилецот.

Се вчитува...