Бразил одигра натпревар далеку под очекувањата, долго се мачеше да стигне до триумф против Костарика и успеа со два гола до 2-0 дури во судиското продолжение, во 91. и 97. минута со головите на Кутињо и Нејмар.
„Кариоките“ дојдоа до значајни три бода во Групата Е на патот кон осминафиналето во моменти кога веќе беа отпишани за победа… Но, Кутињо во 91. минута се погрижи за 1-0, а потоа во 97. минута стрелаше и Нејмар за конечни 2-0…
Претходно, остана забележан еден контроверзен детаљ од мечот кога главниот судија во 79. минута најпрво покажа на белата точка за Бразил, по еден пад во противничкиот шеснаесетник на Нејмар, но потоа по користење на ВАР системот и прегледување на снимките сепак ја промени својата одлука.
Бразил сега со 4 бода е лидер на табелата во оваа група, во очекување на мечот меѓу Србија и Швајцарија од 20 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА