Познатата американска телевизиска мрежа ЕСПН објави дека фудбалската репрезентација на Бразил е најголем фаворит за освојување на Светското првенство во Катар.
ЕСПН на своите социјални мрежи ги сооопштија 10-те репрезентации кои се фаворити за триумф во Катар.
Најмал коефициент за освојување на СП е Бразил (9-2), следуваат Англија и Франција со 11-2. Шпанија има коефициент 8-1, Аргентина 9-1, Германија 11-1, Белгија 12-1, исто и Португалија и Холандија, додека десета е Данска 28-1.
Мундијалот во Катар ќе биде отворен 21. ноември.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА