Жорге Жесус, моменталниот тренер на Ал Хилал би можел да стане селектор на бразилската репрезентација. Ова име сега е водечко по одбивањето на Карло Анчелоти да ја преземе селекторската позиција, наводно поради понуда од 50 милиони евра по сезона од Саудиска Арабија.
70-годишниот Португалец ќе го напушти Ал Хилал во јуни, откако ќе истече неговиот договор, и истиот нема да биде продолжен.
Бразилската федерација сега се одлучи за Жесус, откако пропадна опцијата за Анчелоти. Медиумите во Шпанија шпекулираат дека Реал Мадрид е главниот виновник за стопирањето на Дон Карло, откако наводно одбил да му ја исплати отштетата од 11 милиони евра. Откако дознал дека Карло има договор со Бразил, Флорентино Перез одбил да му исплати, а за возврат Бразил ги прекина преговорите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

