Копа Америка сепак ќе се одржи, но не во Аргентина и Колумбија како што одамна беше планирано, туку во Бразил. Откако рано утрово пристигна веста дека Аргентина нема да може да го организира овој турнир поради неповолната ситуација со коронавирусот, КОНМЕБОЛ мораше веднаш да реагира.
Бразил се наметна како најлогично решение, бидејќи таму беше организирано СП 2014 и претходната Копа Америка 2019. Во исто време, Бразил е бранител на трофејот, а веројатно и главен фаворит за освојување на турнирот.
Ова уште повеќе ќе им отежне на Меси и компанија за да се надеваат на трофеј во Копа Америка што толку долго го очекуваат. Овој турнир започнува на 13 јуни со натпревар помеѓу Аргентина и Чиле.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА