Бразил ќе го чека Анчелоти до 2024 година да го назначи за селектор

Карло Анчелоти може да стане селектор на Бразил, но во 2024 година, објавуваат медиумите во Бразил. Италијанскиот тренер беше поврзуван со клупата на „кариоките“ и ова лето, но неколкупати беше категоричен дека ќе остане и следната сезона дел од „кралевите“.

Меѓутоа Бразил е упорен во намерата да го обезбеди неговиот потпис, и тој да го води Бразил на Мундијалот во 2026 година. Токму од тука челниците на федерацијата на оваа земја се подготвени и да го чекаат Анчелоти да му истече договорот со Реал, па да го провмоираат за нов селектор, а тоа би се случило во 2024 година.

Првиот човек на бразилската федерација Едналдо Родригез му соопштил на екс фудбалерот на Бразил, Кака, кој е директен преговарач за Анчелоти, дека е подготвен да го чека до 2024 годиназа да му ја довери клупата.

Во моментов в.д. селектор на Бразил е Рамон Менезес, кој и по доаѓањето на Анчелоти, би останал во стручниот штаб на „кариоките“.

Се вчитува...