Бразил ќе го „врзе“ Карло Анчелоти до 2030 година на клупата

Селекторот на Бразил, Карло Анчелоти е подготвен да потпише нов договор со петкратниот светски првак на следните пет години, односно до 2030 година.

Според весникот „О Глобо“, планот е поранешниот тренер на Реал Мадрид да остане на селекцијата на Бразил, без разлика на резултатот на идниот Мундијал во 2026 година. Со тоа Бразилската федерација има доверба во Анчелоти, откако по долга сага тој се реши да ја прифати понудата, и да стане селектор на „кариоките“.

Италијанецот претходно коментираше дека тој и неговото семејство се задоволни од улогата, и дека би бил подготвен за прифаќање на подолг договор. Неговите сегашни резултати се три победи, еден пораз од Боливија и нерешен резултат против Еквадор.

Анчелоти претходно стана единствениот тренер кој ги има освоено сите титули во најсилните 5 првенства на Европа во Италија, Шпанија, Франција, Англија и Германија.

Се вчитува...