Бразил ќе ја смени Аргентина во Мото ГП шампионатот

Следната сезона ќе биде последна според важечките прописи Мото ГП шампионатот и ќе брои 22 трки.

Најголемата промена од оваа сезона е што трката во Бразил ќе ја замени онаа во Аргентина, која ќе се врати во 2027 година, но во Буенос Аирес. Бразил со тоа се враќа во календарот по 22 години, а трката ќе се вози на патеката „Аиртон Сена“.

Како што беше случај и оваа година, сезоната се отвора со Големата награда на Тајланд, која е закажана од 27 февруари до 1 март. Потоа следува веќе споменатата трка во Бразил, пред Големата награда на Америка на крајот на март, а потоа и преселбата на Блискиот Исток, за трката во Катар.

Што се однесува до европската сезона, таа традиционално ја отвора Херез, а распоредот е доста различен од она на што сме навикнати. Големата награда на Унгарија останува во календарот, но е поместена на почетокот на јуни, трката во Чешка е во истиот месец, додека трката на „Силверстоун“ е поместена назад во август по неуспешниот експеримент во мај оваа година. Покрај тоа, Големата награда на Каталонија е веќе во средината на мај, додека трката во Австрија, на Ред Бул Ринг, е поместена за септември.

Се вчитува...