Бразил назначи селектор до доаѓањето на Анчелоти

Додка Карло Анчелоти стигне на клупата на Бразил, оваа селекција ќе ја води Фернандо Диниз. 49-годишниот Диниз доаѓа од екипата на Флуминензе, но нема да го напушти клубот, туку ќе работи паралелно и со бразилската репрезентација.

Доколку Анчелоти стане слободен во текотн  аидната сезона, Диниз ќе се откаже после шест месеци на клупата на „селесао“, а ако Анчелоти ја „истурка“ цела сезона, тогаш ќе остане на кормилото една година.

Италијанецот ќе ја води селекцијата на кариоките на Копа Америка 2024 година, и тоа ќе му биде веднаш големо натпреварување како селектор.

Диниз покрај Флуминензе, во кариерата ги водеше и Ботафого, Сао Паоло, Сантош, Васко де Гама, а нема ниту еден голем трофеј.

Се вчитува...