Бразилската фудбалска федерација донесе ново судиско правило за скандионирање на фудбалерите кои ќе стојат со двете нозе на топката со жолт картон и посед за противникот.
Ова правило стапува на сила како реакција на неодамнешниот инцидент на натпреварот помеѓу Коринтијанс и Палмеирас кој го предизвика поранешниот фудбалер на ПСВ, Манчестер Јунајтед, Лион, Барселона и Атлетико Мадрид, Мемфис Депај.
Холанѓанецот застана со двете нозе на топката па беше соборен од страна на протвиничките фудбалери, потег кој предизвика физичка пресметка поради која беа исклучени четири фудбалери.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА