Бразил по пенали го сруши „жилавиот“ Парагвај (ВИДЕО)

Репрезентацијата на Бразил е првиот полуфиналист на Копа Америка откако потешко од очекуваното, по изведување на пенали (4-3) го совлада жилавиот Парагвај.

Домаќините на турнирот не успеаја да ја искористат предноста од фудбалер повеќе, откако во 58. минута Фабијан Балбуена заработи директен црвен картон. По завршувањето на регуларните 90. минути веднаш се замина на изведување на пенали, на кои херој за „кариоките“ беше голманот Алисон Бекер кој успеа да ги одбрани пеналите на Гомез во првата серија и на Гонзалез во петтата. За Бразилците погодија, Вилијан, Маркињос, Кутињо и Габриел Жезуз, додека Фирмино не успеа да го реализира пеналот.

Во полуфиналето Бразил за противник го чека подобриот од дуелот меѓу Аргентина и Венецуела.

 

Се вчитува...