Бразил преку Чиле до полуфинале, Лападула и пенал-рулетот го одведоа Перу на мегдан со „кариоките“

Вицешампионот на Јужна Америка, селекцијата на Перу го обезбеди билетот за полуфинале на турнирот Копа Америка, откако во натпреварот со „отворен гард“ во Гојанија, го совлада незгодниот Парагвај по изведувањето на пенали со 4-3.

Претходно натпреварот по деведесет минути заврши 3-3 (2-1). Со овој успех Перуанците може во полуфиналето пак да се сретнат со Бразил, со кој играа во групата, и против кој го загубија финалето во Рио Де Жанеиро пред две години.

Со голот на Гомез во 11. минута, Парагвај го отвори мечот и брзо поведе. Сепак, напаѓачот на Беневенто, Лападула со два гола го сврте резултатот и на полувреме се замина со водство за Перу. Во првите 45 минути игра на сцена уште еднаш настапи Гомез, но овојпат тој остави црна дамка заработувајќи црвен картон во судиското надополнување, па се чинеше дека Перу има отворен пат до победа.

Сепак. пак по корнер, одбраната на Перуанците повторно потфрли и Алонсо од тежок агол го совлада Галезе за 2-2. По мирната централана фаза на натпреварот, следеше бурна завршница. Јотун со удар од дистанца ја врати предноста за Перу во 80. минута. Но, кога Кариљо заработи втор жолт картон и исклучување, силите на теренот во Гајонија беа израмнети. Тоа им даде енергија на Парагвајците и во надополнувањето погоди за 3-3 и Авалос натпреварот го внесе во изведување на казнени удари, а овој пенал рулет имаше среќен крај за селекцијата на Перу.

Перуанците за свој противник го чекаа подобриот од судирот Бразил-Чиле, а по многу проблеми за „кариоките“, сепак тие успеаа рутински да го добијат овој меч со минимална предност од 1-0.

Со помош на одличната промена на Тито кога го извади Фирмињо на полувремето и го внесе Лукас Пакета, Бразил оствари гол предност благодарение на фудбалерот на Лион и покрај тоа што имаа еден играч помалку во 48 минути игра, бидејќи беше исклучен Хесус.

Следниот полуфинален пар го добиваме по натпреварите Уругвај – Колумбија и Аргентина – Еквадор.

 

 

 

Се вчитува...