Бразил преку Италија до титулата светски шампион во фудбал на плажа

Репрезентацијата на Бразил е нов светски шампион во фудбал на плажа откако кариоките денеска во финалето славеа над репрезентацијата на Италија со 6-4.

Откако првата третина заврши нерешено 1-1, клучната разлика Бразилците ја направија во втората третина која ја добија со 3-1 и пред последниот период влегоа со предност од 4-2. До крајот само рутински го приведоа мечот за нова титула на овие шампионати.

Претходно во мечот за третото место Иран беше убедлив против Белорусија со 6-1.

Се вчитува...