Бразилската фудбалска федерација врши жесток притисок за да го ангажира Карло Анчелоти на клупата уште ова лето. Од федарацијата на петкратниот светски првак инсистираат Италијанецот уште ова лето да го презеде кормилото, и потоа да има време една година да ја подготви селекцијата за идниот Мундијал.
Веќе неколку пати Анчелоти инсистира да остане на чело на Реал Мадрид, но со оглед дека тимот испадна од ЛШ, далеку е од титула во Ла Лига, и има шанси само за трофеј во Купот, нема да биде изненадување доколку Итлијанецот добие отказ по завршувањето на оваа сезона.
Ако остане без работа, тогаш Анчелоти би можел сериозно да размисли за понудата на Бразил, за која неколку пати истакна дека не е заинтересиран.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА