Бразил се мачеше со Венецуела, Чиле го реши Перу

Бразил многу потешко од очекувањата го скрши отпорот на Венецуела, совладувајќи го аутсајдерот со минимални 1-0. „Кариоките“ имаа дури 74% од поседот врз топката, но во отсуство на Нејмар се мачеа да создадат стопроцентни шанси на натпреварот. На крајот, пресуден беше голот на Фирмино постигнат на средината од второто полувреме, откако фудбалерот на Ливерпул се најде на вистинско место и од три-четири метри ја затресе мрежата на гостите.

Во вториот натпревар што се играше рано утрово Чиле како домаќин славеше над Перу со 2-0. Артуро Видал беше човекот на одлука, постигнувајќи два погододи уште во првото полувреме со кои „кариоките“

Се вчитува...