Бразил се „затвора“: Без медиумски активности и надворешни луѓе во нивниот камп

Бразил во последниот натпревар во групната фаза на Мундијалот во Катар, беше поразен од Камерун. Но, тоа не влијаеше на нивниот пласман во 1/8 финалето, и тоа како првопласирани во групата.

Во 1/8 финалето „кариоките“ ќе играат против Јужна Кореја, а во четвртфиналето би играла со подобриот од дуелот Хрватска – Јапонија.

Работите во Бразил се далеку од идеални. Нејмар е повреден, се стравува дека ќе го нема уште некое време, а исто така повредени се Жесус и Телес, кои веројатно ќе го нема до крајот на Мундијалот.

Марка со текст под наслов „Бразил се затвора после падот“, јавува дека селекцијата на Тите има намера да не пушта никој друг кој не е дел од репрезентацијата во својот камп.

Најпрво ќе нема никакви активности. Ќе одржат само еден тренинг, но тој ќе биде затворен за сите новинари и за било кого кој не е дел од репрезентацијата. Исто така ниту еден играч ненајавен нема да смее да дава изјави пред или после тренингот.

Ова се разликува од однесувањето на Бразилците во групната фаза. Шпанските новинари тврдат дека Тите сака мир во својата селекција и не сака во кампот никакви проблеми за да не се повтори лошата партија и поразот од Камерун.

Се вчитува...