Бразил со пола сили лесно против САД, Аргентина и без ѕвездите убедлива со Гватемала

Репрезентацијата на Бразил синоќа во пријателски натпревар славеше против САД со 2-0, а победи запишаа и Аргентина, Уругвај и Колумбија.

„Кариоките“ во првиот меч по настапот на СП успеаја да запишат победа иако САД пружи добар отпор. Бразилците задачата си ја завршија во првиот дел кога беа постигнати двата погодоци.

Бразил поведе веќе во 11. минута со голот на Фирмино на асистенција на Даглас Коста. Потоа од пенал погоди и Нејмар за конечни 2-0…

Без своите најголеми ѕвезди Аргентина славеше во Лос Анѓелес против Гватемала со 3-0. Головите за „гаучосите“ ги постигнаа Мартинез, Ло Челсо и Џовани Симеоне. Мексико доживеа тежок пораз од Уругвај од 1-4, а Колумбија славеше против Венецуела со 2-1.

Се вчитува...