Фудбалерите на Бразил ја оправдаа фаворитската улога во осминафиналниот натпревар против Јужна Кореја и со победа од 4-1 се пласираа во четвртфиналната фаза каде за противник ќе ја имаат Хрватска.
Голеадата започна уште во 7. минута кога Винисиус Џуниор ја затресе мрежата на Ким, а сите дилеми за победник беа решени неколку минути подоцна. Нејмар реализираше од белата точка за 2-0, а неговите стапи ги заследија и Ричарлисон и Пакета за високи 4-0 на полувремето.
Бразил продолжи да напаѓа и во второто полувреме, но овој пат голманот Ким не дозволи да биде совладан. Јужна Кореја одигра далеку подобро во второто полувреме, стигна до неколку шанси за погодок, а успеа да го совлада Алисон со евроголот на Паик во 76. минута.
GOAL! Brazil 4-1 South Korea (Paik Seung-ho) 🇰🇷 pic.twitter.com/BXCjUydfWH
— World Cup Updates (@wc22updates) December 5, 2022
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА