Бразил во шок: Фудбалер ненадејно почина на 26-годишна возраст

Габриел Протасио Гомеш Попо, фудбалер на бразилскиот нисколигаш Де Жау од Сао Поало, почина во пресрет на натпреварот против Униао Сузано во регионалното натпреварување. Попо почина на 26-годишна возраст.

Играчот од средниот ред не требало да биде дел од натпреварот, но утрината дошол во клупските простории. Бил пронајден од негов соиграч пред појадок во бессознание. Го однеле во болница, но спас немало. Натпреварот веднаш бил одложен, а наредена е обдукција.

„Габриел Попо, засекогаш во нашата историја и срца. Никогаш не можете да бидете подготвени за вакви збогувања. Попо не напушти прерано, но неговата радост, талент и страст за фудбалот ќе живеат во секој од нас. Попо, ќе играме, ќе го носиме овој дрес и ќе се вратиме посилни поради тебе”, напиша неговиот клуб.

Се вчитува...