Еден од најдобрите фудбалери на Бразил Нејмар, вечерва изјави дека сериозно размислува на крајот од годината да ја заврши кариерата.
Бразилското крило кажа дека планира од година во година, и не знае што може да му донесе идната сезона. Според неговите зборови, во декември е можно да донесе одлука за крајот на кариерата. Напомена дека одлуката ќа зависи од здравјето и од моменталната мотивација.
„Не знам што носи иднината. Можно е во декември да одлучам дека е доста и да се пензионирам. Живеам од година во година“, рече Нејмар.
Во последно време екс напаѓачот на Барселона и на ПСЖ е често повреден, а тешко е да се верува дека ќе биде во составот на Бразил за престојниот Мундијал. На почетокот на минатата година фудбалерот се врати во својот матичен клуб Сантос. После операцијата на коленото во декември, го пропушти почетокот на сезоната, и на теренот се врати минатата седмица.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

