Бразил во шок: Првиот човек на федерацијата сексуално вознемирувал вработена!

Претседателот на фудбалската федерација на Бразил, Рожерио Кабокло (48) заработи суспензија од еден месец, на една недела пред стартот на Копа Америка која ќе се игра во најфудбалската земја на светот, поради сексуално вознемирување на вработена во федерацијата.

Според медиумите, Кабокло доби суспензија од етичката комисија, откако го разгледале случајот после пријава од вработена за сексуално вознемирување и мобинг. Во обвинението против него, тој неколкупати сексуално ја вознемирувал вработената, а уште многупати и вршел психички притисок во изминативе неколку месеци. Тој сега привремено е суспендиран додека не се утврдат сите факти и додека етичката комисија не донесе конечна одлука.

Инаку првиот човек на бразилскиот фудбал беше на удар на јавноста поради одлуката да прифати да се игра Копа Америка во оваа земја, а против него беше и градоначалникот на Рио де Жанеиро, кој дури му најавил дека може и да се одложуваат мечеви, во зависност од епидемиолошката состојба.

Се вчитува...