Управата на Манчестер Јунајтед е подготвена да му ја исполни желбата на Рубен Аморим и летово на „Олд Трафорд“ ќе го доведе Матеус Куња, извонредниот бразилски напаѓач кој игра одлично во дресот на Вулверхемптон.
Куња веќе најави дека летово сака да се пресели во поголем клуб, а во неговиот договор со „волците“ има откупна клаузула во висина од 62,5 милиони фунти. Њукасл е подготвен да плати за да ја активира оваа клаузула, но последните информации велат дека Аморим и директорите на Јунајтед успеале да го убедат Куња да се пресели во Манчестер.
Стратегот на „црвените ѓаволи“ инсистира на ангажман на најмалку двајца нови голгетери, ако се знае дека е подготвен летово да ги продаде Рашфорд и Хојлунд, можеби дури и Гарначо. Негова желба е да стигне до потписот на Гијокереш, но тоа се чини невозможна мисија во моментов, па Јунајтед вниманието по Куња го насочува кон Делап, кој има клаузула од 30 милиони фунти ако Ипсвич испадне од Премиер-лигата, нешто што се очекува да биде официјализирано во текот на следниот викенд.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА