Бразилски бек Леонардо Дутра ќе биде ново засилување на ракометниот шампион на Македонија, Вардар, пренесуваат шпанските медиуми. Тој доаѓа во Вардар по завршувањето на Светското првенство во Полска од редовите на Сиудад Логроњо.
Леонардо Дутра скина вкрстени лигаменти во февруари и до ноември беше на рехабилитација. По враќањето на терен, за Логроњо (Ла Риоха) има одиграно само седум натпревари.
Леонардо Дутра ќе биде дел од бразилската репрезентација на мундијалот во Полска и Шведска, откако се најде на списокот на ракометари на бразилскиот состав.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА