Бразилскиот интернационалец Рамиреш, инаку поранешен фудбалер на Челси, во зимскиот преоден рок би можел да го засили италијанскиот калчолигаш Интер, пишуваат медиумите на Апенините. Тој е член на Џиангсу сунинг, клубот кој има силни релации со Интер поради истите сопственици, па трансферот и нема да претставува голем проблем.
Рамиреш остави одличен впечаток во Европа носејќи го дресот на Челси, со кој во 2012 година ја освои и Лигата на шампионите, но по заминувањето во Кина и не игра во најдобра форма. Токму затоа сака да се врати на Стариот континент, а тимот на Лучијано Спалети е идеална можност за повторно да се вивне во орбитата, па дури и да избори место во селекцијата на Бразил на Светското првенство во Русија.
Првенството на Кина завршува во ноември, па Рамиреш ќе има доволно време да размисли за враќањето во Европа и за можноста да стане нов член на „нероаѕурите“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА