Бразилецот Роналдо беше вистински феномен – 25 години од еден од најубавите голови во историјата (видео)

Луис Назарио да Лима – Роналдо своевремено беше најдобар фудбалер во светот, а серијата тешки повреди го спречи „феноменот“ подолго време да доминира на терените ширум Европа.

Пред точно 25 години, Роналдо го постигна еден од најубавите голови во својата кариера, на дуелот со Компостела земајќи ја топката од сопствената половина, па со серија на дриблинзи минувајќи ги сите ривали пред да го матира противничкиот голман.

Роналдо го заврши тој меч со три гола и една асистенција, Барса славеше со 5-1, а овој гол потсетува на фудбалската величина на „феноменот“.

Се вчитува...