Бразилскиот интернационалец Роналдо се враќа во шпанскиот фудбал, но како сопственик. Тој е во финални преговори за да го купи шпанскиот второлигаш Валјадолид, и според бразилскиот весник „О’Глобо“, трансакцијата треба да биде вредна околу 30 милиони евре.
„Драго ми е што имам функција во бразилскиот фудбал, но моја желба е да имам сопствен клуб и да го менаџирам се додека не го доведам до небески височини. Долго размислувам да купам клуб во Втората лига на Шпанија или на Англија, и се надевам дека желбата ќе ми се оствари. Би сакал да направам нешто ново и иновативно во фудбалот“, изјави Роналдо за бразилскиот медиум.
Тој веќе има искуство со раководење на клуб, со оглед дека беше еден од сопствениците на Форт Лодердејл во Северноамериканската лига на САД.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА