Бразилецот Весли е петто засилување на Рома

Рома продолжува со активната потрага по нови фудбалери кои би биле по мерка на новиот тренер Џампјеро Гасперини. „Волчицата“ долго време преговараше со најразлични играчи, за сега за десетина дена да успее да договори дури пет нови фудбалери што пристигнуваат на „Олимпико“.

Петто засилување во низата е Бразилецот Весли, кој вечерва и официјално го стави својот потпис на петгодишниот договор со римскиот калчолигаш. Станува збор за бек со извонредни дефанзивни, но и офанзивни квалитети кој пристигнува од редовите на Фламенго, клуб за кој настапуваше и на штотуку завршениот клупски мундијал што се одржуваше во САД.

Токму неговите добри партии на ова натпреварување беа препорака за Рома да тргне во целосна офанзива, што резултираше со трансфер вреден почетни 25 милиони евра (плус пет милиони преку клаузули).

Весли е петтиот трансфер на Рома летово, откако претходно овој клуб потпиша договори и со Железни, Арена, Фергусон и Ел Ајануи.

Се вчитува...