Бразилската одбојкарка и репрезентативка Ана Паула Борго, почина на 30-годишна возраст како последица од неизлечив облик на рак, а за болеста дознала минатата година.
Борго, за жал, не можела да се спаси. Било тоа само прашање на денови кога ќе згасне нејзиниот живот. Само два дена пред смртта одбојкарката на социјалните мрежи објавила фотографија со сопругот и напишала потресна порака.
„Пројде нашиот петти ден, а јас не бев добро до толку што не можев да зборувам. Минавме петти дан во болница, се грижеше за мене и ми кажуваше колку ме сакаш. Слушнав толку многу приказни за мажи кои ги напуштаат своите жени кога ќе се разболат, но Карлос беше поинаков. Покажа колку ме сака и дека тој е човек кој ми го испрати Бог. Сакам само секој да има привилегија да има некој како Карлос во својот живот, син како Карлос, сопруг, брат… Карлос сигурно би бил одличен татко“, напиша Борго во последната порака пред смртта.
View this post on Instagram
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА