Бразилска олимпијка раскажува: Кондоми има насекаде и не се за луѓето да прават балони од нив

Бразилската натпреварувачка во синхронизирани скокови во вода, Ингрид Оливеира по три години ја раскажа нејзината страна на приказната околу којa се крена голема прашина за време на Олиmписките игри во Рио во 2016 година.

Оливеира и нејзината партнерка Џована Педросо завршија на 10. место и беа силно критикувани за пласманот. Потоа се појави приказната дека Оливеира во очи на натпреварувањето ја исфрлила партнерката од соба за да ја мине ноќта со бразилскиот репрезентативец Педро Конкалвес.

 

Оливеира сега објаснува дека случката воопшто не била во пресрет на натпреварувањето и дека немало никакво исфрлање од соба.

„Луѓето не знаат, но на Олимписките игри тоа е сосема нормално. Треба само да видите колку многу кондоми има во Олимпиското село. Ги има насекаде, дури и во кантината и не се таму за луѓето да прават балони од нив“ – објаснува атрактивната Бразилка.

Поради скандалот и лошиот резултат двојката Оливеира и Педросо се раздели. Оливеира пак добивала понуди да се активира во секс индустријата.

 

 

 

Се вчитува...