Бразилската легенда оди во изолација, Роналдо позитивен на Ковид-19

Легендарниот бразилски фудбалер Роналдо доби позитивен тест на коронавирус, а веста ја потврди и бразилскиот второлигаш Крузеиро, чиј нов газда е токму поранешниот напаѓач на Реал Мадрид.

Роналдо заврши во карантин каде што има симптоми на вирусот, меѓутоа се наоѓа во добра здравствена состојба.

Бразилецот неодамна стана газда на Крузеиро, откако купи 90 отсто од акциите на екипата.

Се вчитува...