Бразилски дефанзивец е нов фудбалер на Нотингем форест

Премиерлигашот Нотингем форест објави дека потпиша договор со бразилскиот стопер Жаир Куња, кој доаѓа од Ботафого.

Куња е вториот играч на Ботафого што се приклучи на Форест ова лето, откако напаѓачот Игор Жезус потпиша договор минатиот викенд.

20-годишниот дефанзивец потпиша петгодишен договор, објави англискиот премиерлигаш, додека финансиските детали не се објавени.

На Светското клупско првенство во Соединетите Американски Држави, Куња и Жезус стигнаа до осминафиналето со Ботафого. Куња постигна еден гол, додека Жезус придонесе со два, вклучувајќи го и победничкиот гол против Пари Сен Жермен.

Се вчитува...