Стратегот на Победа, Зоран Штерјовски, е задоволен од досегашниот тек на подготовките и верува дека токму тие ќе бидат пресвртница за неговата екипа.
„Работевме добро во изминатиот период и задоволен сум од досегашното залагање на играчите. Условите во Прилеп не беа баш најдобри, но и покрај се, играчите одлично тренираа и верувам дека овие подготовки ќе бидат од големо значење за нив. Во Охрид ќе продолжиме со исто темпо, има уште еден Бразилец на проба, па ќе видиме дали е доволно добар за нас да го задржиме“ – истакна Штерјовски.
Тимот од Прилеп по есенскиот дел се наоѓа на осмата позиција на првенствената табела со 15 освоени бода. Пролетва го очекува борба за опстанок во елитната конкуренција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА