Бразилски фудбалер почина во сон на 23 години

Риулер де Оливеира, бразилски фудбалер на јапонскиот прволигаш Шохан Белмаре, почина во сон на 23-годишна возраст.

„Риулер почина во 23. година од животот. Моментално ги чекаме резултатите од обдукцијата, и ќе ве известиме штом дознаеме повеќе информации. Молиме за неговата душа“, објавија од клубот.

Риулер играше за неколку бразилски клубови како Интернационал и Атлетико Паранензе. Настапуваше и за бразилската репрезентација до 17 години, за која одигра седум пати. Во Јапонија играше за Мијазаки, Осака и Шонан.

Се вчитува...