Легендарниот бразилски фудбалер Дани Алвеш излезе од затвор во очекување на конечната одлука по обвинението за силување на девојка во Барселона, благодарение на платената кауција од еден милион евра.
Иако претходно имаше информации дека кауцијата е платена од страна на Мемфис Депај, сега се лиферувани дефинитивно информации дека всушност е платена од редакцијата на познат спортски портал, додека адвокатските трошоци биле покриени од страна на Нејмар и Мемфис Депај. Се работи за сериозен медиумски гигант, чии сопственици се во блиски односи со семејството на Алвеш. Во замена за сето тоа, наредниот период, и во периодот на судскиот процес Алвеш ќе мора да биде ексклузивец на медиумот.
Случајот на Алвеш е во жалбена постапка и наскоро се очекува конечната пресуда. Судот првично му изрече казна од четири години и шест месеци, но обвинителството бара истата да биде зголемена на девет години.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА