Бразилски напаѓач на проба во Вардар

Од првиот ден на подготовките на Вардар во Австрија на тренинзите на македонскиот првак учествува и Бразилецот Матеус Лима Круз, кој се наоѓа на проба и во следните денови ќе се обиде да се избори за трансфер во таборот на „црвено-црните“.

Станува збор за 24-годишен фудбалер кој што во минатата сезона беше член на Сантос, а во минатото има настапувано за албанскиот прволигаш Кукеси, и за бразилските екипи Операрио, Лувердензе, Гуарани, Спорт Ресифе, Спорт Баруери и Гремио Баруери.

Бразилскиот голгетер ќе добие шанса на контролните натпревари да го убеди тренерот Седлоски во своите квалитети, по што ќе биде донесена одлука дали тој ќе потпише договор со Вардар.

Се вчитува...