Бразилскиот репрезентативец Енрике Тешеира е новото засилување на македонскиот прволигаш Металург. Тешеира кој игра на средната бековска позиција во Автокоманда доаѓа од романскиот ЧСМ Букурешт. Тој во кариерата покрај за Букурешт настапуваше и за шпанските Гранољерс и Хуеска, а беше дел и од најдобрите тимови во татковината, Маринга и Таубате.
Тој е четвртото засилување за Металург сезонава, откако тимот од Автокоманда претходно потпиша и со Момир Рниќ, Бранко Канкараш и Никола Потиќ. Скопскиот состав следната сезона ќе игра во Лигата на Европа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА