Бразилски танц против Перу, четвртфинале и за Венецуела

Бразил го освои првото место во Групата А на Копа Америка, откако во третото коло славеше убедливо против Перу со 5-0.

Извонредна партија на „кариоките“ за лесен и убедлив триумф кој беше најавен со голот на Кашемиро уште во 12. минута од натпреварот. Потоа, во 19. минута Фирмино погоди за 2-0, а пред полувремето на 3-0 заокружи Евертон со голот во 32. минута.

 

Во второто полувреме стрелаа и Алвеш и Вилијан.

Место во четвртфиналето од оваа група обезбеди и Венецуела по победата од 3-1 против Боливија.

Се вчитува...