Најтешка казна во историјата на тенисот

Бразилскиот тенисер Диего Матос доби доживотна суспензија поради местење на натпревари. 31-годишниот Матос наместил десет натпревари во 2018. година од кои финансиски профитирал. Во прашање се мечеви на ИТФ турнирите во Бразил, Шри Ланка, Еквадор, Португалија и Шпанија.

Бразилецот ќе мора да врати 12.ооо долари кои ги добил на турнирот во Еквадор, а доби и казна од 125.000 долари. Матос исто така одбил да соработува со обвинителството.

 

 

 

Се вчитува...