Бразилски великан „умира“, а нивниот градскиот ривал слави со ковчези (ВИДЕО)

„Гренал“ е најголемото дерби во Бразил, и едно од најголемите во целиот свет. Гремио е најстариот клуб од двата од Порто Алегре, кој е основан 1903 година, од страна на богатите ентузијасти и делувал како приватен клуб за оние од германско потекло. Интернационал шест години подоцна е основан од група Италијанци како клуб на народот. Овие два тима првпат се сретнале во 1909 година пред само 2000 луѓе, и Гремио славеше со 10:0.

Но, потоа, во 424 дуели кои следувале, Интернационал бил подобар, победувајќи 156 пати во однос на 133 на Гремио.

Првиот сериозен инцидент на ова дерби се појавил во 1918 година по караница меѓу двете навивачки групи. Во еден нивен меѓусебен дуел се доделени дури осум црвени картони. Ова дерби не може да се замисли без инциденти и серија на картони.

Во Порто Алегре оние кои навиваат за Гремио, не сакаат да имаат никаква врска со оние кои навиваат за Интернационал, и обратно. Секогаш се стремат кон тоа да се понижи ривалот.

Гремио гостуваше кај омразениот ривал, и се фаќаше за сламкаа на спасот. Интернационал сакаше да наштети на својот ривал, па домашните славеа со 1:0, по што следуваше хаос.

Играчите на Интернационал со импровизирани ковчези славеа победа, алудирајќи на „закопување“ на Гремио, а гостите не можеа да го поднесат, па тргна хаосот.

На Гремио му се заканува преселба во најнизок ранг. Не е математички уште таму, но тоа е се поизвесно, а време нема.

Се вчитува...