Бразилскиот херој кој го турна Интер на колена ќе биде нов светски рекордер

Искусниот бразилски голман Фабио кој беше херој на Флумнинсе во елиминацијата на Интер во осминафиналето на ФИФА Светското клупско првенство е пред испишување на историја како фудбалер со најголем број на настапи.

Четириесетичетиригодишникот против Интер го забележа 1376. настап во богатата кариера и сега само 12 натпревари го делат од рекордот кој е во сопственост на легендарниот англиски голман Питер Шилтон.

Шилтон од 1966 до 1997 година забележа 1387 натпревари во професионалниот фудбал, а со оглед на формата која ја прикажа против италијанскиот гигант очекувањата се дека набргу Фабио ќе го престигне овој број и со златни букви ќе се запише во историјата на фудбалот.

Се вчитува...