Бразилскиот спорт завиен во црно: Позната одбојкарка почина на 43-годишна возраст

Бразилскиот спорт денеска е завиен во црно откако беше објавено дека на 43-годишна возраст животот го загуби долгогодишната одбојкарска репрезентативка, Валевска Оливеира.

Станува збор за одбојкарка која со години го носеше дресот на „кариоките“, во 2008 година се закити со злато на Олимписките Игри во Пекинг, а беше дел од националниот тим и на Олимписките Игри во Сиднеј во 2000 и во Атина во 2004 година.

Таа почината во својот дом во Сао Пауло, а причината за смртта уште не е утврдена.

Оливеира имаше зад себе успешна меѓународна кариера, настапувајќи за 11 различни клубови во Бразил, Италија, Шпанија и во Русија пред да каже збогум на одбојката во 2022 година.

„Валевска беше специјална одбојкарка, нејзината кариера во овој спорт ќе биде засекогаш запамаетена. Во овие тешки моменти, можеме само да изразиме сочувство до семејството и пријателите на Оливеира“, изјави претседателот на Бразилската Одбојкарска Федерација, Радамес Латари.

Се вчитува...