Бразилскиот суд потврди: Робињо ќе мора во затвор!

Робињо ќе мора да ја одлежи казната од девет години затвор поради силување, откако бразилскиот суд ја потврди изречената пресуда од страна на италијанските судии во повеќегодишниот случај што се водеше против поранешниот голгетер.

Силувањето се случило во 2013 година, жртва била 20-годишна девојка од Албанија која била сексуално нападната од Робињо и неговите пријатели, кои добија слични затворки казни. Бразилецот во тоа време настапуваше за Милан, пресудата беше изречена во 2017, но серијата жалби придонесоа таа да стане правосилна дури во 2022, кога Врховниот Суд ја одби и последната жалба на адвокатите на поранешниот фудбалер.

Робињо во меѓувреме се врати назад во Бразил, оваа држава нема договор за екстрадиција со Италија, но Бразилците решија преку сопствен судски процес да донесат одлука дали екс-голгетерот навистина го направил делото.

Робињо се жалеше дека Италијанците се расисти и никогаш не би бил виновен ако бил белец, но тоа набрзо падна во вода, откако пресудата беше потврдена и во неговата татковина. Така, тој синоќа беше осуден на девет години затворска казна, што ќе ја извршува во Бразил. Тој ќе остане на слобода уште извесно време, се додека има право на жалба за оваа одлука.

Се вчитува...