Бразилските фудбалери невидено го понижија својот селектор (ВИДЕО)

Бразил разочара со своите изданија на Копа Америка, доживувајќи елиминација во четвртфиналето по пенал-рулетот од селекцијата на Уругвај.

Но, Брзилците и со уште една постапка го разочараа светот. Пред почетокот на пенал-серијата беше видена сцена која ретко се гледа на ова ниво на фудбалот: наредени во круг еден до друг фудбалерите на Бразил подготвуваа план за пеналите, додека селекторот беше ‘исфрлен’ од кругот без можност да слушне за договорот.

На селекторот Доривал Жуниор никој не обрнуваше внимание, тргнат на страна, а секој негов обид да подели инструкции беше залуден. Во еден момент подигна и рака за да го забележат, но и тоа залудно.

На тој начин сакаа да покажат што мислат за својот селектор, но во суштина демонстрираа краен аматеризам понижувајќи ја и својата земја пред светот.

На спротивната страна, пак, сосема поразлична слика. Обединети и стручен штаб и фудбалери на Уругвај, па на крај сосема очекувано и среќата беше на нивна страна.

Се вчитува...