Бразилското „чудо од дете“: Штом Модриќ верува во мене…

Реал Мадрид во 2022 година го осигура потписот на бразилското „чудо од дете“, тогаш 16-годишниот Ендрик во трансфер вреден фиксни 37 милиони евра со можност да се искачи за дополнителни 23 милиони евра низ разни бонуси.

Со оглед на тоа што Бразилецот не можеше да заигра за Реал Мадрид се додека не наполни 18 години помина две сезони на позајмица во Палмеирас со кој ја освои и шампионската титула во Бразил.

Ендрик го посети Мадрид во декември 2023 година и имаше блиска средба со Карло Анчелоти, Лука Модриќ и останатиот дел од тимот за која ги откри импресиите за „The Players Tribune“.

„Се се случи многу брзо, како да сонував. Но, најмногу се сеќавам кога влегов во соблекувалната и Модриќ ми се обрати. Висеше дрес со број 10, а тој покажа на местото до него и ми кажа: „Број 9 и број 10. Кој знае… Може следната сезона ќе седиш покрај мене“. Тоа ми остана врежано во срцето. Си помислив: „Човече, ако Модриќ верува дека вредам да го носам бројот 9 тогаш јас сум тој вистинскиот“, напиша Бразилецот.

Се вчитува...