По одличното издание и победата против Германија на отворањето на фудбалскиот турнир на ЛОИ во Токио, селекцијата на Бразил одигра натпревар без голови против Брегот на слоновата коска во вториот меч од Групата Д.
Бразилците не успеаја да го скршат отпорот на африканската селекција, и поради тоа што од 13. минута играа со фудбалер помалку по исклучувањето на играчот на Астон Вила, Даглас Луиз.
Двете селекции сега се на врвот на табелата во Групата со по четири бода од два натпревари. Германија во 2. коло игра против репрезентацијата на Саудиска Арабија која во првото коло загуби со 1-2 од Брегот на слоновата коска.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА