Ракометната репрезентација на Бразил го совлада Исланд со 32-29 и ги задржа теоретските шанси во борба за да се пласира на квалификациски турнир за ЛОИ во Токио 2020 година. „Кариоките“ имаа водство во поголем тек од натпреварот, а на полувремето сепак се замина со 15-15. Но, во второто полувреме Бразил покажа поголем квалитет и успеа да дојде до посакуваниот триумф.
Толедо и Лангаро со по осум гола беа предводници во победата на бразилскиот ракометен тим.
Египет стигна до првиот триумф во втората фаза, совладувајќи го Тунис со 30-23. По првиот дел Египќаните обезбедија предност од пет гола (15-10), а потоа рутински го приведоа мечот до крај. Омар со седум гола и Ел-Ахмар со еден погодок помалку беа најефикасни во победничкиот состав.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА