Бразилците не се откажуваат: Анчелоти како селектор за СП 2026?

Челниците на бразилската фудбалска конфедерација се вратија на старата идеја и тргнаа во тотална офанзива за потпис на Карло Анчелоти како предводник на „кариоките“ за СП 2026.

Бразилците се разочарани од слабите настапи во квалификациите за СП 2026, а по срамниот пораз од 4-1 од вечниот ривал Аргентина стана јасно дека нешто ќе мора коренито да се менува во овој национален тим. Анчелоти беше главен фаворит за селекторското место во 2024 година, преговарајќи на истекот од договорот со Реал на крајот од ланската сезона да се пресели во Бразил.

Долго време се чинеше дека се е договорено, но италијанскиот стручњак во последне момент се премисли и реши да потпише нов договор со Реал, разочарувајќи ги Бразилците кои се решија за домашен стратег како нов лидер на националниот тим, што не се покажа како вистинско решение.

Анчелоти има уште една година од договорот со Реал, но во ситуација кога Флорентино Перез преговара со Чаби Алонсо јасно е дека тој би можел летово да си замине од „Бернабеу“. Извори блиски до Италијанецот тврдат дека тој се уште е заинтересиран да стане селектор на Бразил, но услов му е да остане на чело на Реал до клупскиот мундијал во јуни годинава, по што летово би можел да се пресели во Јужна Америка.

Преговорите се уште не се во напредна фаза, но кај двете страни постои расположение за конкретни разговори во наредниот период, се со цел најтрофејниот европски стратег да го предводи Бразил на претстојниот мундијал.

Се вчитува...